x

Ждрепката за вторите лиги во среда (12 август)!

ffm-odluki

И официјално ждрепката за двете втори лиги, во источната и западната конкуренција, ќе се одржи во среда и тоа во 12 часот во просториите на Фудбалската Федерација на Македонија. Тогаш ќе биде познат целиот распоред или целиот календар за сезоната 2020/2021 која стартува на 22 август. И оваа сезона како и во минатата во двете конкуренции ќе има по 10 екипи. Првопласираните ќе изборат директен пласман во елитата, додека второпласираните ќе играат бараж за пополнување на елитата со деветата и десетата екипа од Првата лига.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата