Актерот Жарко Димоски, кој неодамна го промовираше и видеото за макфестовската „Да наздравиме“, откри дека причината за тоа што неговата сопруга ја има главната улога во видеото е висината на хонорарот, а не нејзината љубомора. 

– Хонорарот за неа беше малку понизок затоа ја зедов, на шега вели Жарко и открива дека сака токму таа да се појавува во сите негови идни спотови. А вели нив ќе има затоа што наскоро од него ќе има уште една песна, а богами и албум.  

И не само што откри дека сопругата му е муза, дека подготвува нов музички проект, покажа и како имитира, и тоа екс криминалецот, кој сега е главна фаца во реалното шоу Задруга, Кристијан Голубовиќ. 

Имитацијата може да ја погледнете на 10: 30 минути: