Легендарниот актер Жарко Лаушевиќ (60) утринава е опериран во Белград. Спред српските медиуми, Лаушевиќ оперирал циста на долната вилица. Зафатот поминал во најдобар ред, и актерот добро се чувствувал. 

Инаку, станувало збор за бенигна циста, но поради вообичаената процедура кај ваквите зафати материјалот ќе биде испратен на хистопатолошка проверка. 

Лаушевиќ во моментов работи на филмот, морска авантура на 12-годишно девојче, што се снима според романот „Летото кога научив да летам“.