ЖАЛНО: СО ШОК БОМБИ И ВОДЕНИ ТОПОВИ-Во живо, како грчката полиција се справува со мигрантите
Откако Турција, која чувајќи ја границата досега го спречуваше големиот прилив на мигрантите во Европа, ги пушти бегалците слободно да ја напуштат земјата, повеќе илјади тргнаа кон Грција.
Вчера, но и денеска е тензично во меѓуграничниот простор каде што грчката полиција ги спречуваше мигрантите да ја пробијат заштитната ограда со солзавец и водени топови. Турската полиција исто така испалувала солзавец за да им помогне на мигрантите илегално да упаднат на грчка територија, а целата ситуација е надгледувана со дронови.