x

Жалбата одбиена – Службениот пораз на Наполи од Јувентус останува

napoli

Нема промена. Службениот пораз на Наполи против Јувентус останува. Тоа стана јасно, откако денеска жалбата на неаполитанците беше отфрлена од Комисијата на Фудбалската федерација на Италија. Дербито требаше да се одигра во Торино на 4 октомври, но Наполи не се појави на теренот, оправдувајќи се дека имаат заразени и дека ги почитуваат препораките на здравствените власти во Неапол и не сакаа да ја шират заразата. Тогаш Елмас и Зелински имаа позитивни тестови.

Според Комисијата Наполи заслужува казна, затоа што можел да изведе состав за натпреварот со Јувентус. Оствен службен пораз, останува и другата казна – одземање на еден бод.

Следно што може да направи Наполи е да се жали во Националниот Олимписки комитет (КОНИ).

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата