x

Жалбата е прифатена: Само еден меч суспензија за Диње

digne-red-card

Дефанзивецот на Евертон, Лукас Диње, кој доби казна од три натпревари за црвениот картон кој го доби на мечот против Саутемптон во неделата, денеска доби одговор на жалбата и неговата казна е намалена на еден натпревар.

Французинот (27) беше испратен надвор од теренот поради старт над Кајл Вокер-Петерс.

Менаџерот на Евертон, Карло Анчелоти ја опиша одлуката како „шега“ и рече дека ќе поднесат жалба. Иако црвениот картон не е поништен, независната комисија одлучила да ја намали суспензијата на само еден меч.

Диње ќе го пропушти неделниот натпревар против Њукасл, но ќе биде на располагање за гостувањето кај Манчестер Јунајтед на 7 ноември.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата