x

Е. Пелистер ги почна подготовките со работен состанок, од понеделник во Маврово

babic-podgotovki-start

Ракометарите на Еурофарм Пелистер од почетокот на февруари и возвратниот натпревар против Нексе немаат одиграно официјален натпревар. Екипата претрпе драстични промени и со седум нови лица денеска ги започна подготовките за новата сезона.

Новиот предводник Жељко Бабиќ означи почеток со работен состанок на кој беше претставена програмата на подготовки, а потоа е планирана заедничка вечера. Мандалиниќ, Кушан, Мараш, Периќ, Костески, Кукуловски и Танкоски се нови имиња во споредба со минатогодишниот ростер, а екипата ја напуштија Митревски, Јотиќ, Остроушко, Шевелев, Петровски, Кузманоски.

Битолчани в понеделник заминуваат на подготовки во Маврово, каде ќе поминат две недели. Потоа преку турнирски натпревари Жељко Бабиќ ќе ја бара формата на тимот. Предвидено е Еурофарм Пелистер да игра на турнирите во Струга и Атина.

Оваа сезона Еурофарм Пелистер ќе настапува во Лига Европа, а своите противници во групната фаза ќе ги дознае на 28 август.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата