Во исчекување на традиционалното прогласување на најдобрите голови, одбрани и идеалниот тим, ЕХФ излезе во Топ 5 листа на работи кои не треба да се заборават по завршувањето на првото коло во Лигата на шампионите.
Во оваа „тесна“ листа се најде македонскиот репрезентативец, Дејан Манасков. А како и нема по оној неверојатен погодок на дуелот против Нант. Манасков погоди од зад грб, мајсторија која е неговата специјалност.
„Во тим преполн со ѕвезди како што е Веспрем, лесно е да се заборави Дејан Манасков. Македонското лево крило би било ѕвезда во секој друг тим, но во Унгарија се соочува со конкуренција како Ненадиќ и Нилсон. Во средата против Нант, тој стори се за да биде запаметен, вклучувајќи го голот од зад грб на средината на второто полувреме“, се вели во текстот на ЕХФ за нашиот Манасков.
WATCH: Behind-the-back brilliance doesn’t get any sweeter than this effort from Dejan Manaskov for @telekomveszprem! ? #ehfcl pic.twitter.com/leFlvMRx4k
— EHF Champions League (@ehfcl) September 16, 2020
На првото место се најде Сандер Сагосен кој блесна на првиот меч во дресот на Кил, постигна седум гола во триумфот над ППД Загреб, втората позиција му припадна на Родриго Коралес, претпоследните две места се посветени на Кил и Барселона.