x

ЕХФ го одби барањето на Е. Пелистер за одложување на мечот Кадетен

eurofarm-pelister

Европската куќа на ракометот го одби барањето од страна на Еурофарм Пелистер за одложување на натпреварот со Кадетен Шафхаузен во рамките до Лигата на Европа.

„Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека натпреварот од третото коло на групата Д на Лига Европа меѓу нашиот клуб и Кадетен Шафхаузен од Швајцарија ќе се одигра редовно во вторник на 17 ноември во 18:45 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола без присуство на гледачи.

РК Еурофарм Пелистер навремено ја извести Европската ракометна федерација за позитивни случаи на коронавирус во екипата, стручниот и медицинскиот тим, како и за заразеност на сите голмани во екипата, пријавени за европските натпревари. По неколкудневна консултација клубот ја прифати препораката на ЕХФ натпреварот редовно да се одигра.

Веќе неколку од заразените ракометари ќе излезат од изолација и ќе им се приклучат на останатите кои со денови тренираат со Жељко Бабиќ во Битола. Останатите, посебно оние асимптотамтски случаи тренираа индивидуално во своите домови. И покрај краткиот период за заеднички тренинзи, Еурофарм Пелистер подготвен ќе го дочека натпреварот против првакот на Швајцарија.“, се вели во соопштението на клубот од Битола.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата