x

ЕХФ ги објави здраствените протоколи кои мора да се почитуваат во новата сезона

jane-sandanski

За да се обезбеди контролирано и безбедно враќање во ракометните терени, како што се приближува сезоната 2020/21 година, Европската ракометна федерација го објави Хигиенскиот Концептот кој е наменет за клубовите.

Прво и најважно, упатствата се воведени за да се заштити безбедноста на играчите и службените лица за време на натпревар, бидејќи спортот продолжува да се справува со Ковид-19. Клубовите и националните федерации се информирани дека барањата наведени во концептот се минимум на кои мора да се придржуваат.

Фокусот на концептот е спроведување на „Црвената зона“ на теренот – област во која се дозволени само оние со негативен тест. Концептот, исто така, детализира барања и препораки за клубовите што треба да ги следат во врска со персоналот за поддршка, медиумите и гледачите, сите во согласност со локалните упатства.

Ракометот ќе продолжи со натпреварите од првата фаза на женската Лига на шампиони на 12 септември, а мажите треба да почнат четири дена подоцна. Првите натпревари во новата Европска лига на ЕХФ ќе започнат со воведното коло од квалификациите на 29 и 30 август.

Меѓу основните принципи во протоколт е наведено дека секој клуб кој учествува во натпреварувањата на ЕХФ мора да именува офицер за Ковид-19, одговорен за ракување со упатствата и зачувување на потребната комуникација. Концептот бара тимовите и службените лица кои учествуваат на терен да имаат негативен тест.

Откако биле тестирани негативно, од вклучените лица ќе се бара да одржат минимален контакт со други лица за време на патувањата, во хотелот или на местото на настанот. На зтеренот ќе мора да се спроведе „Црвена зона“, односно област каде е дозволено присуство на лица со негативни тестови.

Времето поминато на местото на настанот, како што се соблекувалните и микс-зоните, мора да се сведе на минимум.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата