x

ЕХФ: Алушовски пред голем предизвик со Вардар

alusovski-vardar

Европската куќа на ракометот, ЕХФ како и обично пред стартот на секоја сезона прави анализи околу тоа кој, што и на каков начин ќе ја одигра претстојната сезона.

Се прогнозираат пласмани, се проценуваат екипи, се планираат достигнувања. Вардар нормално дека за многумина е енигма со оглед на настаните во клубот, но Европски шампион не е секој па нормално е дека на Вардар се гледа со сериозен респект.

Поточно, во листата на десет тренери на кои треба да се обрне внимание, нормално дека е и Стевче Алушовски кој според анализите е пред сериозен предизвик. Михајло Михајловски го преседе клубот, доведени се засилувања, но, публиката, јавноста и всушност целиот ракометен свет од Вардар бара исклучиво највисок пласман. Едноставно „црвено – црните“ на тоа ги навикнаа сите.

Анализата опфаќа десет тренери од машката но и женската Лига на Шампиони. Алушовски е на десеттата позиција, а  па следува Габор Елек од ФТЦ Раил Карго, а пред него е Лоран Безо од Брест и Чави Пасквал од Барселона.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата