Осумнаесетто издание на Меѓународниот фестивал на европски филм „Синедејс“ ќе се одржи од 7 до 15 ноември, во организација на Младинскиот културен центар. На 16 ноември ќе се одржи специјален настан „Офф Синедејс“.

Отворањето на фестивалот е со премиерата на филмот „Ефектот на среќа“ во режија на Борјан Зафировски.

Годинава, „Синедејс“ се приклучува кон светската прослава на 50 години од првото емитување на комичната серија „Monty Python’s Flying Circus” на BBC1 во далечната 1969, која колективот денес ја презема како годишнина од формирањето на групата со низа специјални појавувања, настани, филмски проекции низ Британија и Европа.

Како специјален гостин во рамките на оваа програма е продуцентот Стив Абот, нивни долгогодишен соработник и продуцент на нивните филмски остварувања кому ќе му биде врачена наградата за Животно дело за неговата работа со Монти Пајтон.

Абот ќе има и свој Мастерклас за пошироката јавност и филмската публика.

Првпат оваа година ќе се додели и наградата за најдобра филмска музика на авторски филм.

извор: Makfax