Четирите анализи кои биле разгледувани на овој состанок се изготвени во рамки на проектот „Унапредување на социјалниот дијалог”, кој го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Една од клучните цели на ваквите заеднички состаноци, како што се наведува во соопштението, е воспоставување и јакнење на мрежата за соработка и комуникација меѓу националниот и локалните Економско-социјални совети, преку разгледување различни прашања од опсегот на работа на економско-социјалните совети.

Настанот е организиран во рамки на проектот Унапредување на социјалниот дијалог, кој го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот, а учествуваат Министерство за труд и социјална политика, претседателите и членови на ССМ, ОРМ, КСС, БКМ, како и членови на локалните економско-социјални совети.

Активностите што се спроведуваат во рамки на проектот „Унапредување на социјалниот дијалог” се наменети за зајакнување на капацитетите на Министерството за труд и социјална политика, како и на социјалните партнери. Со тоа меѓу останатото, овие тела за институционализирање на трипартитниот социјален дијалог, во која група спаѓаат и националниот и локалните економско-социјални совети, преку воспоставување соработка со стручната јавност, добиваат корисни сознанија и анализи како основа за дискусија и усогласување на домашното со меѓународното законодавство и стандардите од областа на трудовото право и регулатива.