Првата анализа на примероците од производи со говедско месо во Словенија откри присуство на коњска ДНК во една од 29 тестирани производи. Станува збор за лазањите на Ледо” произведени во Хрватска, објави љубљанскиот весник Дело”.
Коњско месо наводно е пронајдено во смрзнатите лазањи од 450 грама на Ледо”, произведени во Хрватска. При производството на Ледо” лазањите користено е месо од добавувачот Традо СА” од Луксембург.

За да го испита скандалот на своја територија, Европската унија планира финансирање програма со која ќе се истражат измами во прехранбената индустрија, ќе трае еден месец со можност продолжување на уште два месеца ако биде потребно.
-Целта е да се помогне да се врати довербата на потрошувачите по скандалот со коњско месо пронајдено во прехранбени производи декларирани како говедско месо – велат од ЕУ која ќе финансира 75% од трошоците на програмата.

Според планот, ќе се воспостават контроли во главно на ниво на трговци на мало, на храна која содржи говедско за да се утврди евентуално недекларирано коњско месо.
Планот вклучува и тестирање на фенилбутазон, кој за луѓе е потенцијално штетен ветеринарен лек. Се планира тестирање на вкупно 2.250 примероци на говедски производи ширум Европа од 10 до 150 по држава-членка.