Универзитетскиот професор и независен политички и општествен експерт Љубомир Цуцуловски, преку свој фејсбук статус упати јасна и недвосмислена порака до Федерика Могерини и ЕУ да ја осудат Платформата од Тирана и големоалбанските претензии кои произлегуваат од неа.

Зошто оваа апартна персона не се ангажира за решавање на елементарните човекови права (економски, социјални или целосна здраствена заштита) ниту на кој било начин ја осудува Платформата на албанските партии во Р.М.? Белки толку може да согледа – дека во Македонија не се решаваат човековите, туку групните, националистички интереси на албанската заедница, протежирани од странски држави (Албанија, на пример) и од докажано шовинистички албански партии, кои одат дури до таму и бараат осуда за геноцидот извршен врз Албанците во периодот 1912-1956, заборавајќи за другите жртви – како оние на балистичките сили, потенцира Цуцуловски.

Во исто време, и ЕУ покажува загриженост дека Македонија може етнички да биде загрозена, пишува Цуцуловски. Тој продолжува: „Ако е така, тогаш Европа своето внимание нека го сврти кон вистинските проблеми, без да го премолчува с е г а ш н и о т стварен проблем – неумерените и крајно ирационалистички и шовинистички барања од Тиранската платформа. Меѓутоа, нема никаква реакција на Платформата”, пишува Цуцуловски и додава дека ЕУ со своето премолчување е на пат истиот проблем да си го внесе во сопствениот двор. Па така според Цуцуловски во скоро време можат Турците да почнат да бараат права во Германија, Алжирците, Тунижаните и Мароканците во В.Британија, Франција, Белгија и скандинавските земји.