На површина излегуваат причините зошто на Бугарија и се брзаше да ја присили Македонија да потпише дека се откажува од постоењето и заштитата на Македонците, односно македонскто малцинство во Бугарија. Европскиот Парламент изгласа резолуција со која се бара законски, за целата ЕУ, да се утврди строга заштита на јазичните и етнички права на малцинскатава во државите на Унијата по што Бугарија, ако не успее да ја присили Македонија на согласност за непостоење на македонско малцинство во Бугарија, мора да ги исполни обврските кон малцинството.

Европскиот парламент ја изгласа Резолуцијата за малцински безбедносен пакет, иницирана од петиција потпишана од повеќе од еден милион граѓани на земјите членки на ЕУ. Целта на оваа Резолуција е да се заштитат правата на малцинствата во ЕУ.  За резолуцијата гласале 524 европратеници, 67 биле против и 103 воздржани.

Сега Европската комисија има обврска да предложи законски акти за заштита на јазиците на малцинствата и на повеќејазичноста, кои сите земји членки на ЕУ ќе треба да ги усвојат како дел своето законодавство.

Европскиот парламент заклучи дека националните и јазичните малцинства во ЕУ се соочуваат со асимилација и ги губат своите јазици. Европратениците се согласија дека земјите членки се одговорни за заштита на правата на малцинствата, но истакнаа дека очекуваат заедничка рамка на минимални стандарди на ЕУ за заштита на малцинските права.

Тие додадоа дека регионалните јазици мора да се промовираат, јазичните права да се заштитат таму каде што се користи повеќе од еден службен јазик, и јазичните заедници да се бранат во согласност со основните права. ЕП исто така ја изрази својата загриженост за алармантното зголемување на злосторствата од омраза и од говорот на омраза против лица кои припаѓаат на малцински групи.

Безбедносниот пакет за заштита на малцинските права содржи препораки на ЕУ за заштита на културната и јазичната разновидност; програми за финансирање на мали јазични заедници; создавање центар за јазична разновидност; фондови за регионален развој на ЕУ за покривање на заштитата на националните малцинства; истражување за вредноста на малцинствата во нивните општества; приближна еднаквост за малцинствата без државјанство како Ромите.

За претставниците на македонското малцинство во Бугарија и Грција отворено останува прашањето дали ова може да значи голема промена на нивниот статус во овие две земји членки на ЕУ, особено затоа што постојат пресуди на Суот за човекови права со кое е констатирано дека Бугарија не ги исполнува стандардите за правата на Македонците во таа држава.

Официјално, во Грција и Бугарија нема малцинства. Во овие земји членки на ЕУ забранета е регистрацијата на политички партии или културни здруженија на Македонците, кои немаат ни можност за образование на мајчин јазик.

Во договорите со Бугарија и Грција (Договорот за добрососедство и пријателство и Преспанскиот договор) Македонија практично се откажа од каква било помош и поддршка на борбата на македонското малцинство за остварување на нивното основно човеково право.