Потпретседателката на Европската комисија, Вера Јурова, вели дека Европската Унија идентификувала лажни информации за пандемија на коронавирус коишто доаѓаат од Русија.
        
Според германската новинска агенција ДПА, кампањата EUvsDisinfo собрала повеќе од 150 дезинформации и лажни вести поврзани со официјална Москва за коронавирусот.
        
Јурова рече дека немаат доволно докази дека државата наредила да се пласираат такви дезинформации, но рече дека имало официјални изјави на руските власти против ЕУ, за кои рече дека биле наменети да предизвикаат страв и нервоза во јавноста.
        
Кина, од друга страна, се потпира кон пропаганда, според извештајот на Европската комисија, во кој се прецизира дека се воочени тврдења дека Европа без помош на Кина нема да може да се справи со пандемијата на коронавирус. Јурова вели дека најдобриот начин за борба против лажните информации и пропаганда е да се инсистира на факти, додавајќи дека има огромна потреба од факти и веродостојни информации.

извор: Makfax