Штиглиц ја повика левицата во Европа и САД да реагираат против зголемената нееднаквост. – Постои еден вид на заплашување – оцени американскиот економист во интервју за Франс прес. Штиглиц кој заедно со економистите Пол Кругман и Томас Пикети, е критичар на мерките за штедење, не гледа благонаклоно на влијанието на Германија на економската политика која ја води претседателот на Франција Франсоа Оланд.