Специјализираниот италијански билтен за надворешна политика “Ил Велино дипломатико” во најновото издание пишува дека Европската унија и НАТО подготвуваат “план Б” за идниот статус на Косово.
Информативната агенција “Велино” наведува дека двете институции со седиште во Брисел официјално ги негираат информациите за подготовки за алтернативен план за Косово. “Велино дипломатико” истакнува дека во Брисел е подготвена скицата за “планот Б”, во случај да пропадне планот на специјалниот пратеник на Обединетите нации за Косово Марти Ахтисари, пренесува МИА.
“Планот Б” предвидува за неколку месеци косовската Влада еднострано да прогласи независност.