На 26 септември европската комисија ќе препорача Бугарија и Романија да бидат примени во ЕУ. Како што соопштуваат Ројтерс и Фајнешел тајмс, влегувањето на двете земји на 1 јануари 2007 година ќе биде проследено со жестоки финансиски и правни ограничувања. Бугарскиот премиер Станишев, според англиски извори, ќе биде предупреден за набљудувањето што ќе се случува во следните месеци како и за санкциите со кои ќе се соочи земјата по нејзиниот влез во ЕУ. Познавачите на бриселските прилики тврдат дека и на Бугарија и на Романија ќе им бидат поставени одредени услови како преодни клаузули за да може да ги сработат задачите кои не успеаја досега да ги реализираат низ покренатите реформи. Ова во Бугарија се доживува како ставање на пранги од страна на Унијата.