Европската комисија денеска соопшти дека ги заврши прелиминарните разговори со германската компанија за биотехнологија „Кјурвак“ за набавка на 225 милиони дози на вакцината против KОВИД-19, за развој на која работи таа компанија.

– Денес ги завршивме разговорите со европската компанија „Kjурвак“, со цел да ги зголемиме шансите да најдат ефикасна вакцина против коронавирусот, рече еврокомесарот за здравство, Стела Кириакидес.

Сега се водат разговори за договорот со „Кjурвак“ за снабдување со вакцини за потребите на сите 27 земји членки на ЕУ, доколку засега потенцијалната вакцина против КОВИД-19 се покаже како ефикасна и безбедна.