ЕУ да биде поупорна со реформите
Хрватска бара Унијата да ја покаже истата упорност во однос на своето внатрешно реформирање, каква што бара огромни реформи од земјите-кандидатки. Ова го изјави хрватскиот премиер Иво Санадер пред Парламентарното собрание на Советот на Европа, алудирајќи на изјавата на Барошу за огромната работа што ја чека ЕУ околу реформите.