Драстичниот пораст на бројот на случаите на “ланчано” затајување на ДДВ во Европската унија владите на нејзините членки ги чини вистинско мало богатство, пишува лондонскиот дневен весник “Гардијан”. ЕУ даночниците предупредија на се поголемите размери на тој проблем. Тој вид на затајување може да предизвика големи загуби, чија вкупна вредност во Велика Британија за 2006 е проценета на 10 милијарди фунти (14,5 милијарди евра). Тоа би значело дека вкупната вредност на загубите во ЕУ изнесува 50 милијарди евра годишно, односно дека е изедначена со висината на помошта, што ЕУ ја издвојува за земјоделството, заклучува “Гардијан”.