ЕУ воведе санкции против шест лица и еден субјект за употреба на хемиско оружје во обид за атентат врз Алексеј Навални.

Усвоените рестриктивни мерки се состојат од забрана за патување во ЕУ и замрзнување на имотот, а на лицата и ентитетите од ЕУ им е забрането да ставаат средства на располагање на оние кои се санкционирани.

Истиот правен инструмент е употребен за санкционирање на одговорните за поседување, транспорт и употреба на токсичен нервен агенс во случајот Скрипаj, според Европската служба за надворешни работи.

извор: Makfax