x

Еурофарм Пелистер договори засилување од Вардар

Еурофарм Пелистер продолжува да го прави тимот за следната сезона. Откако беа потврдени неколку нови имиња како Танкоски и Периќ, а четворица ракометари ја продолжија верноста кон клубот, сега стигнува вест и за ново засилување и тоа од директниот ривал – Вардар.

Станува збор за Дејан Кукуловски, младиот лев бек на скопските „црвено-црни“ кој оваа сезона главно добиваше шанса низ мечевите во СЕХА лигата. Во Лигата на шампионите постигна два гола, на натпреварот со Мотор.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата