Европски универзитет РМ и годинава нуди можност за студирање на вториот циклус студии, што предизвикува голем интерес кај оние кои штотуку ги завршиле додипломските студии, но и кај веќе вработените, со цел да го надградат своето знаење и да напредуваат во кариерата.

-Програмите за вториот циклус студии на Европскиот универзитет на сите факултети каде што постојат се приспособени така да претставуваат истовремено и континуитет на основните додипломски студии, но и специјализирани заокружени програми што можат да се студираат од почеток. Тоа подразбира дека на вториот циклус се запишуваат тие што претходно студирале соодветен факултет и ја продолжуваат својата едукација на вториот циклус, но нашите искуства покажуваат дека и од нашиот универзитет, но и од другите високообразовни институции запишуваат втор циклус студии на ЕУРМ, кој соодветствува на нивните интересирања во дадениот момент, како и желби, потреба, шанса за вработување или промена на професијата во однос на основните студии”, посочува проф. д-р Живко Андревски.

Во новата академска година, која штотуку започнува и за која се уште трае уписот за втор циклус студии, сепак, најбројни се оние кои ќе го продолжат своето образование во истата област, изучувајќи ја и низ втор циклус студии.

-И за двете целини, со континуитет и на новозапишани, важи дека програмите се направени така да го поттикнуваат истражувачкиот пристап и на професорите и посебно на студентите. Сево ова е со цел да се специјализираат за потесни области и насоки, во чии рамки, пак, ќе се определат и за теми кои ќе ги обработуваат во рамките на магистерската теза. Студентите и низ семинарски работи и стручни трудови, есеи, подготовка на научни трудови за семинари, симпозиуми и конференции се определуваат за тоа која и каква тема би работеле во облик на магистерски труд. Спојот, пак, на задолжителните и изборните предмети им овозможува основа да можат да се насочуваат во изборот, обработката и одбраната на магистерскиот труд#, посочува проф. д-р Андревски.

Пристапот на ЕУРМ е поставен така што најчести предлагачи на теми за магистерски труд се студентите низ консултации што ги реализираат со потенцијалните или реалните ментори и деканските управи на ниво на Универзитетот. Надлежните професори, пак, им помагаат да се разработат темите. Досегашните искуства, според Андревски, покажуваат дека во некои ситуации е добро на студентот да му се посочи соодветната литература, но исто така, позитивни се и примерите кога студентите сами ја бараат литературата, вршат истражување и ги добиваат резултатите што им се потребни и од тоа самостојно изработуваат магистерски труд.

-Треба да се каже дека на одделен број студенти кои со магистерски труд се стекнале со 300 трансфер-кредити тие им се нужни за покривање за работни места кои се координативни, насочувачки и повисоко платени или во, на пример, приватни професии како адвокатура, нотарство, каде што се неопходни за полагање на државен правосуден испит и слично. Се разбира, за сите факултети има специфичности, но ова се основните назнаки што важат за вториот циклус студии за кои Европскиот универзитет има објавен продолжен конкурс и се очекуваат кандидатите. Школарината изнесува 999 евра за година, посочува проф. д-р Андревски.