Ето на позајмица во Ал Итихад
Според извештаите што пристигнуваат од Саудиска Арабија, напаѓачот на Барселона Самуел Ето ќе настапува како позајмен фудбалер за шампионот на Азија, Ал Итихад. “Не играм само за пари. Среќата ми е приоритет во животот, поради неа прифатив да играм за Итихад во АФЦ- лигата на шампиони”, изјави репрезентативецот на Камерун на прес-конференцијата што се одржа во Једах. Договорот предвидува тримесечна позајмица на Ето, кој е обврзан да настапува за новиот тим во четвртфиналето на азиската Лига на шампиони, што е на програма во септември, како и за време на одржувањето на Клупското светско првенство во декември, во случај неговиот нов тим да се квалификува. Претседателот на Итихад, Мансор Ал-Балави најпосле успеа да си ја исполни животната желба, да потпише со Самуел Ето и да донесе квалитетно засилување за својот клуб.
Сепак, оваа вест треба да се земе со задршка, бидејќи неколку пати Ал-Балави имаше најавувано дека ќе донесе во клубот некоја голема ѕвезда, за на крајот се да биде само пусто ветување.