x

Ето: Ако си оди Меси, Барса нека го смени името

eto-i-mesi

Лионел Меси не е далеку од разделба со Барселона, тврдат шпанските медиуми. Доколку се случи ова, каталонскиот гигант нема да биде повеќе истиот, ќе се променат многу работи.

Токму по бројните најави за заминувањето на Аргентинецот во јавноста се огласи Самуел Ето. Човекот кој го претставуваше Меси како негов фудбалски син им порача на челниците да го сменат името доколку останат без првата „виолина“.

„Барселона е Меси, доколку одлучи да си оди ќе мора да најдеме ново име за за Барса“, рече Ето и додаде дека Меси е најдобриот фудбалер на сите времиња, па токму затоа овој клуб мора да стори се за да го задржи.

 

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата