Парламентот на Етиопија го одобри контроверзниот закон кој му овозможува на премиерот Абиј Ахмед да состави комисија која ќе ги разрешува конфликтите произлезени од идентитетот и граничните проблеми помеѓу регионалните администрации.

Законот беше остро критикуван од некои пратеници, кои тврдеа дека е противуставен. Сепак, тој беше усвоен со мнозинство гласови.

Повеќе од 1.4 милион луѓе во моментов се раселени како резултат на етничките конфликти во земјата.

Новата комисија за гранични и идентитетски прашања ќе има задача да ги проучува причините за овие конфликти и да носи решенија кои ќе им помогнат на пратениците.

Најголемиот отпор доаѓа од страна на Тигарјан регионот во северниот дел од земјата, каде што оптимизмот за реформските мерки на новиот премиер Абиј Ахмед е најмал, за разлика од другите делови од земјата.

Етничките судири и идентитетските прашања се работа на долниот дом во парламентот, што ја прави оваа комисија непотребна, велат пратениците кои не се согласуваат со нејзиното основање.

Конституирањето на комисијата би можело да ги зголеми поделбите помеѓу новата администрација и партија на Тигарјан, која е дел од владејачката коалиција.

извор: Makfax