x

Естонија – Македонија: На празникот 11 Октомври обично играме нерешено!

oktomvri

Доцна попладнево, од 18 часот во Талин, нашата најдобра репрезентација ја чека меч со Естонија во рамките од 3.коло во Лига Нации во сегментот Ц.

Ако се вратиме малку наназад во историјата, ќе видиме дека досега, во изминатите 27 години, Македонија на овој голем ден за нејзе, на празникот 11 Октомври, одиграла вкупно осум натпревари. Билансот не е којзнае како добар, имаме две победи, четири ремија и два порази. Гол разликата е 8:6. Не се сомневаме дека ќе славиме во Талин, а и со тоа ќе го подобриме скорот кога играме на 11 Октомври.

Имаме победи над Андора на гости и со Катар дома, сме загубиле од Литванија дома и од Велс на гостински терен, а сме ремизирале со Кипар, Молдавија, Украина и Словачка.

СИТЕ МЕЧЕВИ НА 11 ОКТОМВРИ:

1995: Кипар – Македонија 1:1

1997: Македонија – Литванија 1:2

2000: Молдавија – Македонија 0:0

2003: Украина –Македонија 0:0

2006: Андора – Македонија 0:3

2009: Македонија – Катар 2:1

2011: Македонија – Словачка 1:1

2013: Велс – Македонија 1:0

ВКУПНО: 8 2 4 2 8:6

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата