x

Еспањол потврди за шест нивни членови инфицирани со Корона вирус

Пред некој ден Валенсија потврди дека третина играчи се заразени со корона вирусот, а денеска Еспањол потврди за шест членови на тимот заразени со опасниот вирус. Каталонскиот клуб е втор клуб во Ла Лига по број на заразени лица.

„Лекарите потврдија дека шест членови на првиот тим и техничкиот персонал се позитивни на новиот корона вирус. Сите имаат само благи симптоми и ги следат упатствата на лекарите“, соопштија од Еспањол.

Вирусот од Италија се пресели во Шпанија која е втора држава по број на заразени од КОВИД-19 корона вирус. Во Шпанија бројката на заразени скокна на преку 11.000, а починале 533 луѓе.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата