x

Ернест Ѓока: Останува Шкендија да го официјализира трансферот на Бруно Дита!

gjoka-treninzi-1

Се чини дека и дефинитивно Бруно Дита во наредните часови или денови треба и официјално да биде промовиран како нов член на Шкендија. Играчот за врска на Скендербег во средата го одигра својот последен меч за својот досегашен клуб, а потоа на социјалните мрежи се прости од фановите на Скендербег.

За тоа дали се е готово, свој коментар има тренерот на тетовци кој за албанските медиуми го кажа следното…

Бруно Дита? Не ми останува сега да говорам на таа тема, прво Шкендија мора да го официјализира трансферот. Инаку не е тајна дека тој фудбалер сме го следеле, но сега без официјализирање не би сакал да говорам“ истакна Ѓока.

Инаку нашите информации велат дека Шкендија и Дита се договориле за двегодишна соработка.

Значи сега останува само уште официјализирање на трансферот на искусниот играч за врска од Албанија, трансфер кој се најавува дури од јануари.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата