x

Ернест Ѓока: Ова е Шкендија која сите ја сакаме!

gjoka-skendija-nova

Малку неочекувано, но наполно залсужено Шкендија ја растури Македонија ЃП со 5:0. Велиме неочекувано поради убедливиот триумф, а не поради самата победа. Шкендија и онака беше фаворит без разлика што “лавовите“ во последно време играа добро, но денеска едноставно беа понижени.

По натреварот за клупскиот сајт свој коментар даде Ернест Ѓока, стратегот на Шкендија кој не го криеше задоволството од убедливата победа во дербито на 14. коло.

Инаку иако без Алими и Ахмеди, Шкендија попладнево во Тетово го одигра својот најдобар меч во последните неколку месеци.

Ова е таа Шкендија која сите ја сакаме, која сите ја бараме. Но тешко е да играш секогаш со вакво темпо како ние денеска. Јас сум задоволен од тоа што го видов, иако без двајца играчи од средниот ред одигравме навистина добар натпревар. По неколкуте ремија убаво е што им се вративме на победите, и тоа против многу силе противник“ изјави Ѓока покрај другото.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата