Турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган упати предупредување кон Австрија, кога австрискиот канцелар, Себастијан Курц, изјави дека предизборните митинзи поврзани со престојните избори во Турција закажани за јуни, ќе бидат забранети на територијата на неговата земја.

„Мерките што ги презема Австрија ќе се свртат против неа“, рече Ердоган. Тој истакна дека борбата на Турција за демократија не може лесно да биде сопрена, предупредувајќи дека оние кои се обидуваат да го спречат тоа, ќе ја платат цената.

Ердоган додаде дека подготвува нов митинг во странство со 10 до 11 илјади гласачи, но не објави за која држава станува збор.

извор: Makfax