Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган одби да ја прифати оставката на министерот за внатрепни работи, Сулејман Сојлу, неколку часа откако тој ја објави својата одлука.

Сојлу поднесе оставка поради наглото воведување на полициски час во Турција, за да се сузбие ширењето на коронавирусот, а што пак предизвика општ хаос на улиците и во маркетите.

Турските медиуми пренесуваат дека Ердоган доцна синоќа нагласил дека Сојлу ќе продолжи да ја врши својата работа на функцијата министер за внатрешни работи, на која е поставен од 2016 година.

Најголема причина поради која Сојлу поднесе оставка е воведувањето полициски час во петок навечер и тоа два часа пред да стапи на сила на полноќ, без давање какво било предупредување на граѓаните претходно.

По најавата за полициски час, граѓаните побрзале до најблиските маркети за да се снабдат за викендот со основни намирници.
Одговорноста за тоа ја презел Сојлу, кој веста за неговата оставка ја напиша на Твитер. Пред да биде одбие на неговата оставка од Ердоган, Сојлу доби силна поддршка на социјалните мрежи, како од обични граѓани така и од политичари и сите приврзаници на Партијата на правдата и развојот, каде ечлен Сојлу.

извор: Makfax