Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во вторникот изјави дека неговата земја нема да може сама да се справи со уште еден бран сириски бегалци, пренесува ТАСС.

Ако дојде уште еден нов бран сириски бегалци, Турција нема да може да се справи со тоа. Формулата за создавање безбедносни зони во Сирија, што ја предложивме на самиот почеток на сириската криза, е најпрактичниот начин да се вратат бегалците дома”, рече Ердоган за време на говорот во Истанбул.

Според Ердоган, престојот на бегалците на територијата на Турција не може да се смета како единствен начин за решавање на проблемот со сириските бегалци.

На почетокот на февруари, Ердоган предложи создавање бегалски градови во Сирија, кои би се состоеле од куќи од контејнери.

извор: Makfax