Турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган се закани дека ќе покрене еднострана офанзива во североисточниот дел од Сирија, ако не се остварат плановите со САД за воспоставување на таканаречена безбедносна зона долж границата со Турција, вклучувајќи го и барањето турските војници да го контролираат коридорот.

Ердоган пред дипломците на воената академија во Истанбул рече дека САД имаат три недели да ги исполнат турските барања, пренесе „АП“.

Турските и американските функционери претходно се договорија да воспостават безбедносна зона источно од Еуфрат. Анкара истотака сака сириските Курди, кои ги смета за терористи, да се повлечат од границата.

„Ако нашите војници не почнат да ја контролираат активно таа зона, нема да имаме друг избор освен да ги активираме сопствените оперативни планови“, изјави Ердоган.

извор: Makfax