Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, активностите на земјите што се против Турција и Средоземјето ги оцени како пиратски.

Во тоа подрачје едностраните турски истражувања за наоѓалишта на нафта и гас предизвикаа силни тензии.

„Ако ѝ попуштиме на пиратеријата по ова прашање, каде што целосно сме во право, нема да можеме да одговориме на идните генерации“, изјавил Ердоган.

„Не можеме да им ја оставиме на нашите деца земјата неспособна да ги брани сопствените интереси, без верба во себе“, додал Ердоган.

Овие изјави следуваат во екот на тензиите во источното Средоземје. Анкара предизвика бес кај Грција распоредувајќи брод за истражување нафта во зоната на која Атина полага права.

извор: Makfax