Испораката на руските ракетни системи С-400, Турција би можела да ја заврши до април следната година, изјави денеска турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган.

„Се надевам дека повеќето компоненти ќе бидат испорачани до крајот на годината, а целиот процес ќе биде завршен до април следната година. Потоа ќе продолжиме по нашиот пат со поголема самодоверба“, изјави Ердоган, пренесе „ТАСС“.

Претседателот најави дека турски специјалци ќе бидат испратени во Русија на обука за управување на ракетни системи.

Испораката на руските ракетни системи почна пред два дена.

извор: Makfax