Договорот помеѓу Турција и Европската унија за мигрантите не функционира и треба да биде изменет, ова во петокот и го пренел турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на германската канцеларка Ангела Меркел.

Европската унија вчера ги повика мигрантите на грчко-турската граница да не се обидуваат да влезат на територијата на Грција, но исто така понуди дополнителна помош за Анкара поради „пат позицијата“ во која се наоѓаат грчката полиција и мигрантите.

Ердоган во телефонскиот разговор со германската канцеларка ја информирал Меркел дека руско-турскиот договор за прекин на огнот во сириската провинција Идлиб е наменет за заштита на цивилите и турските војници.

Инаку, турските власти порачаа дека нема да ги задржуваат мигрантите на патот кон западноевропските земји откако ситуацијата во Сирија ескалираше и беа убиени 33 турски војници во напад кој најверојатно беше изведен од сириската армија.