Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека неговата земја нема да се двоуми да преземе уште посилна воена акција во северозападниот дел на сириската провинција Идлиб, ако се скрши примирјето договорено минатата недела.

Тој пред пратениците на својата Партија за правда и развој во парламентот изјави дека имало мало кршење на примирјето што го договорил со рускиот претседател Владимир Путин и истакна дека приоритет за Турција е безбедноста на војниците на 12 пунктови за набљудување.

„Ние не само што ќе се одмаздиме за најмалиот напад во Идлиб, туку нашиот одговор ќе биде уште поостар“, рече Ердоган.

Во последните неколку недели сириските владини сили поддржани од Русија покренаа иницијатива за враќање на Идлиб, последното упориште на бунтовниците.

Турција, која ги поддржува бунтовничките групи кои сакаат да го соборат сирискиот претседател Башар ал Асад, започна контраофанзива.

По смртта на турските војници во Идлиб, што ја натера Турција да ги отвори границите за мигрантите кои сакаат да патуваат во Европа, Ердоган и Путин постигнаа договор минатата недела, вклучително и примирје.

извор: Makfax