x

ЕП: Франција и Хрватска победија и си обезбедија полуфинале!

hrvatska-germanija-1024x684

Селекциите на Франција и Хрватска си го осигураа пласманот во полуфиналето на Европското првенство. Французинките вечерва во последниот меч од групната фаза славеа против Шведска со 31-25. Вториот полуфиналист од Групата 1 ќе се знае по вечерашниот дуел меѓу Данска и Русија.

Хрватска пак вечерва беше подобра од Германија со 23-20 и со тоа и се придружи на Норвешка во Групата 2 како патничка во завршната битка за медалите.

Во вечерашниот термин од 20:30 часот се среќаваат како што рековме Данска – Русија и Норвешка – Унгарија.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата