x

ЕП: Норвешка – Данска и Франција – Хрватска се полуфиналните двојки!

danska-rusija-1024x682

И дефинитивно се знае кои репрезентации се пласираа во завршницата од Европското првенство за жени. Тоа се Норвешка – Данска и Франција – Хрватска. Овие натпревари се закажани за во петок.

Вечерва во последните мечеви од групната фаза, очекувано Норвешка со 32-21 ја декласира Унгарија и го запечати првото место во Групата 2 и тоа без пораз. Норвежанките покажаа дека се во супер форма на ова Европско првенство. Додека во директниот дуел за полуфиналето, селекцијата на Данска со 30-23 ја победи и само за еден бод повеќе се најде на втората позиција. Русинките имаат за што да жалат во последен момент го загубија местото кое води во битката за медалите.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата