x

ЕП: Две екс- вардарки во идеалниот тим на првенството, МВП е Французинката Нзе Минко!

jovanka-radicevic-1000x555-1-757x420

Во пресрет на самата завршница на Европскиот ракометен шампионат за жени во Данска, беше прогласен Ол Стар тимот, или идеалниот тим на првенството.

Во составот се поранешните ракометарки на Вардар, Јованка Радичевиќ (Ц.Гора) и Камила Херем (Норвешка) и двете на десната и левата крилна позиција. Значи крилата на првенетството се вардарови.

На бековските позиции се Офетдал и Мерк, и двете од Норвешка како и Бобровникова од Русија. Најдобар пикер е Дебелиќ од Хрватска, додека најдобра голманка е Тофт од Данска, додека најдобар дефанзивец е Хаугстед од Норвешка.

Додека за МВП на првенството е прогласена Естел Нзе Минко од Франција.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата