x

ЕП во ватерполо: Унгарија во „домашно“ финале против Шпанија

Шпанија – Унгарија ќе биде двојката во финалето на ЕП во ватерполо во Будимпешта. Унгарците на домашен терен ќе се обидат да дојдат до златото, по победата над Црна Гора вечерва во полуфиналето до 10:8.

Црногорците имаа предност само на почетокот, а потоа со мини серија Унгарија дојде до пресврт, кој ќе го одржува до крајот на мечот кога ќе слави конечен триумф.

Финалето е во недела, а во битката за третото место ќе има „балкански“ дуел меѓу Црна Гора и Хрватска.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата