Новите судски податоци покажуваат дека милионерот Џефри Епстејн, кој беше вклучен во педофилија, потпишал тестамент само два дена пред самоубиството во затворот.

Според информациите, неговиот имот е проценет на повеќе од 577 милиони долари, но не се наведени детали за наследниците.

Адвокатската фирма ја потврдила автентичноста на тестаментот, кој е прво објавен во „Њујорк пост“.

Неколку жртви на Епстејн, најавија дека ќе бараат неговиот имот да се подели на сите лица за кои е докажано дека ја претрпиле неговата тортура.

Адвокатот на милионерот, Вилијам Блум, рекол дека сите барања во врска со распределбата на имотот на Епстејн праведно ќе бидат решени.

извор: Makfax