Епидемија на свинска чума
Во североисточниот дел на Бугарија е регистрирана епидемија на свинска чума, соопшти вчера бугарското Министерството за земјоделство. Лабораториските анализи потврдија свинска чума на две свински фарми во селото Златар на североистокот на земјата, соопшти Министерството, додавајќи дека во тек е уништување на 285 свињи, со цел да се спречи ширењето на заразата.