x

Епидемиолог со одговор до Ѓоковиќ: Мајсторе, немој за вакцините, ГРЕШКА СИ!

Ставот на Новак Ѓоковиќ околу вакцините за Ковид-19, наиде на многу коментари во светската јавност. Најдобриот светски тенисер јавно кажа дека е против вакцинација, а на тоа свој одговор до Ноле имаше познатиот српски епидемиолог Предраг Кон, кој на својот ФБ профил му порача, инаку познат по тоа што жестоко се залага за вакцинирање на популацијата.

“Како еден од најверните навивачи на Ѓоковиќ, би сакал да имав можност да му кажам колку е значајна вакцинацијата по здравјето на луѓето. Сега е доцна, тој си создаде свои уверувања и тука нема веќе помош. Мајсторе, ти посакувам се најубаво. Во иднина обиди се да избегнуваш директни одговори околу вакцините, зошто ти имаш големо влијание“, заклучи.

Со други зборови, познатиот Кон му кажа на Ноле дека многу греши со своето размислување околу вакцините.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата