Зелениот листест зеленчук содржи пигмент хлорофил кој му ја дава бојата, а нам, кои го јадеме, добро здравје и виталност. Толку добра ни прави што нутриционистите зелениот зеленчук го сметаат за супер храна. Хлорофилот го содржи секој зеленчук со зелена боја, па затоа не бегајте од зелката, спанаќот, брокулата, боранијата, краставиците, прокељот, кељот, грашакот…

Нутриционистите велат дека ни се потребни 200-300 милиграми холорофил дневно за бројните благодати кои ги има – делува како природен „убиец“ на гладта, па подолго сме сити после оброк богат со зелен зеленчук; помага да се регулира непријатниот мирис на телото при потење; го забрзува зараснувањето на раните; го подобрува движењето на цревата и варењето; го поттикнува исфрлањето на токсините од телото; делува антиоксидативно; ги намалува отоците; одржува рамнотежа на нивоата на киселини и бази во телото; помага при создавање црвени крвни зрнца… 

Холорофилот го помага регулирањето на варењето и овозможува одличен извор на магнезиум, витамин К, витамин Ц, фолна киселина, железо, калциум и протеини, а истражувањата покажале и ветувачки резултати во превенцијата од канцерогени заболувања, првенствено рак на дебелото црево кај мажире. При тоа, исхраната богата со нездрава храна ја ремети пХ рамнотежата во телото, правејќи го кисело, што може да доведе до несоници и дебелеење, а намалувањето на киселоста го намалува ризикот од рак и воспаленија, правејќи ги оние кои внесуваат хлорофил да се чувствуваат поздраво.  

Лесно можете да го внесете во организмот – чаша свеж сок од зелен зеленчук наутро ќе заврши голема работа.