Затоа очилата за сонце не се исклучиво прашање на мода туку и здравјето. Но тука нема да ви помогне купувањето на евтини очила од кое било место, туку при купувањето треба да се биде многу внимателен. Побарајте на очилата ознака на процентот и видот на зраци од кои штитат. Затемнетите стакла не секогаш значат и УВ заштита.
Проверете го квалитетот на изработката на стакло така што ќе ги ставите очилата, а потоа со една рака ќе го прекриете едното око. Погледнете во некоја рамна линија и полека вртете ја главата лево, десно, горе, доле. Доколку линијата остане рамна, стаклото е квалитетно, а ако се искриви, побарајте други очила.